Порој – Виолета Танчева Златева
- Култура β
- Apr 12, 2023
- 1 min read
Updated: Apr 16, 2023
ПОРОЈ
Порој си
распенавен
во својот виор страстен
што ми доаѓа
Пустина сум
што со векови те чека
да ми ја оладиш
врелината
Виолета Танчева-Златева (25.4.1968, Струмица) е поетеса, раскажувач, есеист, преведувач и лектор. Дипломирала Југословенска книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Член е на ДПМ од 2000 година и на Здружението на лекторите на Република Македонија. Работи како лектор во Издавачки центар ТРИ – Скопје.
Ги објавила книгите проза: „Книга за сонот“, раскази, 1992; „Враќања“, роман, 1993; „Враќајќи се во Бориево“, раскази, 1999; епистоларен роман за деца „Шарени писма“, 2008; „Раскази од минатиот век“, 2022. Поезија: „Мојот Пикасо“, 2007 и двојазично српско-македонско издание на Задужбина „Петар Кочиќ“, Бања Лука–Београд, 2008; „Заробеници на молкот“, 2010; „Огнена“, 2011; „Нашата приказна“, 2013; „Година без лето“, 2015; „Патот“, 2018; „На работ на светот“, „Капе времето“, 2021 и „Глуво време“, 2023.
Освоила прва награда за проза на анонимниот конкурс на Независни изданија „Ѓурѓа“ во 1991 г., „Браќа Миладиновци“ на СВП во 2015 г., „Ацо Шопов“ на ДПМ во 2018 г., „Антев златник“ во 2022 г. Застапена е во повеќе избори, панорами и антологии. Нејзини песни и раскази се препеани/преведени на неколку јазици и објавени во повеќе списанија на српски, црногорски, словенечки, англиски, бугарски, албански, романски, руски, германски јазик.
🔴Песната „Порој“ беше изложена на изложбата на настанот по повод 3. роденден на „Култура Бета“
Yorumlar