Една заслужува.
Една ми е смислата и драмата,
една ме води, ми покажува кај да одам,
кај е право, што да правам.
Таа едната е мој поим,
моја дефиниција.
Ме оформи, ме обликуваше,
како грнчар мека глина,
нечујно ми ја одзеде душата,
а ми ја врати најчиста на светов.
Го доживеав најкраткото
и најбезболното лекување.
Мојата една дојде како снег во март,
никна како кокиче во јануари,
се појави како едно славејче еднаш под прозорецот кога ме развеселуваше
Мојата една е толку ненадејна, спонтана и прекрасна,
мојата една е како од светот на идеите на Платон,
мојата една е единствената нота со смисла која ја слушам во џагорот, единственото нешто кое што го препознавам на затемнување кога не гледам, таа е единствено сонце, единствена сила која што ме држи и одржува, единствената смисла на мојата егзистенција.
Ана е нашата прва ẞ-поетеса! Вели дека пишувањето и е огромна љубов и пасија, а пишува скоро една година. Сака кога поезијата ќе ја земе во нејзиниот свет и ѝ помага да ја заборави реалноста. Со пишувањето си креира своја реалност, таму ги возвишува и идеализира своите музи и често ја поврзува поезијата со музиката и философијата. Дел од нејзината поезија ја има објавено на инстаграм профилот на Радио МОФ, а сега се претставува и на Култура ẞ!
Comments