Драгот како уметност достигнува најголема слава и станува дел од мејнстрим медијата благодарение на РуПол Чарлс и неговото шоу "RuPaul's Drag Race" кое е во етер веќе повеќе од деценија. Во неговата еволуција има заземено различни форми и облици, од тајни балови каде геј мажи се облекувале во женска облека, но и начин на кој мажите во Америка ги исмејувале црните мажи и жени. Сепак, почетокот на драг културата датира од Шекспировото време и својот прв облик го наоѓа во театарот. Имено, во времето кога Шекспировите драми стануваат дел од сценската уметност, религијата управувала со културниот живот и театарот бил главно машка професија. За да се долови автентичноста на драмата, женските ликови биле играни од машки глумци кои носеле долги фустани што се влечеле по земја, од каде драгот го добива своето име (drag - прев. влече).
Драгот во 20тиот век се јавува и во филмаска и музичката уметност преку култниот "Rocky Horror Picture Show" (1975), и авангардноста кај феноменалните Дејвид Боуи и Фреди Меркури.
Сега е познат како форма на забава каде најчесто мажи се изразуваат преку шминка и облека која е наменета за пренагласување на женствените особини.
Comments