top of page
Writer's pictureКултура β

По тебе - Маја Спирковска

Ти пишувам тебе, човекот кој безусловно

ме сакаше и омаловажуваше,

човекот на кој му ја дадов својата душа и тело...

Денес зад сите наши спомени стои само

силуета, која ме отсликува само мене, а

тебе!? Тебе те има само во сеќавањата,

зошто денес твојата прегратка ја даваш

на друга...

И да, среќна сум, но само понекогаш

И да, тажна сум, скоро секогаш

И да, жалам, но без никој да знае,

Еве сега, седам, носејќи го твојот омилен

џемпер, слушајќи ја нашата омилена

песна, која денес е некаде далеку

заборавена во минатото!

Во ова време, кога е тешко да си верен и

на себе си, јас останав верна до крај

Во ова време, кога тешко е да

препознаеш љубов и омраза, јас љубев,

но не бев љубена

Во ова време, кога тешко е да бидеш

искрен, јас бев искрена до срж

А ти? Зарем ти знаеш што е верност,

љубов и искреност?! Ме остави, и без да

трепнеш заборави дека некогаш ние

бевме нешто!

А еве, ние денес сме само две тела, кои

некогаш беа се, а денес...

И ми недостигаш, и тоа слободно го

кажувам

И ми фалиш, тоа се чувствува

И те сакам, се додека не те преболам

Како лавица без својот лав

Како кралица без својот крал

Секој ден нова лага пак измисливам

Дека без тебе повторно ќе можам..

Но без тебе, не мириса на пролет и

среќа,

наместо чаша со љубов, јас денес

наздравувам со чаша копнеж и солзи, по

тебе...

И често сфаќам дека причинител за сите мои емоции си баш ти!

И често сфаќам дека среќата која ја

барам си баш ти!

И често сфаќам дека желбата која ја

имам ја остваруваш баш ти!

Пред тебе бев жедна за љубов,

си тебе бев најсреќната девојка

а по тебе сум желна за вистинска љубов!

Сите мои емоции, ги потрошив по тебе

Само, по тебе...

Comments


bottom of page