Овој пат како дел од нашата β-стихозбирка објавуваме циклус поезија од авторот Андреј М. Петровски кои вели дека уште од мала возраст се занимава со пишување поезија, а поинтензивно последниве 2 години. „ Мојата инспирација за пишување доаѓа од љубовта. Љубовта кон пријателството, природата,љубовта кон животот и татковината. Сакам да пишувам за сите типови на љубов, бидејќи не мора да сакаш некој/а за да има љубов! Особено ми причинува задоволство да пишувам за љубовта кон една личност, која е прекрасна. Иако меѓу нас има огромна празнина, сепак верувам дека еден ден судбината ќе си го одигра својот дел во нашата приказна...“ додава тој.
Во продолжение прочитајте го првиот дел од циклусот на негова поезија:
Во животот
Во животот кога добиваш,
Некој друг губи.
Кога си тажен,
Некој слави и се радува.
Кога во животот си успешен,
Некој е во долгови до гуша.
Кога некој сакаш многу,
Некој друг мрази уште повеќе.
Кога некој на топло под кров заспива,
Некој друг на студ и под некое дрво,
Во некој парк заспива.
Кога ти пиеш кафе и се фотографираш,
Некој друг моли и проси за капка вода.
Кога ти ја фрлаш храната,
Некој ја собира и од контејнер ја јаде.
Кога ти живееш...
Некој престанува да живее,
Или со тебе,
Или во тебе...
Мојата омилена ѕвезда си ти
Прв пат ги гледам ѕвездите,
Да светат толку силно!
Ми даваат надеж,
За повторно да се...
Да се заљубам во тебе.
Месечината свети силно,
Како сонцето во денот.
Верувам во ѕвездите,
Верувам во љубовта,
Верувам дека има надеж!
Еден ден,
Се надевам...
Ќе ги гледаме ѕвездите,
Заедно...
Под исто небо,
Еден до друг,
Фатени за рака,
Размислувајќи за иднината,
Гледајќи во ѕвездите...
Но тогаш ќе гледам,
Во мојата најблиска ѕвезда,
Во тебе...
Ти си ми омилената ѕвезда...
Во моите песни за неа
Во моите песни за неа,
Има радост обвиена со тага,
Има среќа сред несреќа,
Ја има неа во секој стих,
Ја има неа во срцето,
Кое таа го повреди.
Во моите песни за неа,
Има горчина во гласот,
Има зборови не искажани,
Гнев и лутина,
Кои за момент се појавуваат,
И потоа исчезнуваат,
За стих – два,
Во моите песни за неа,
Таму сум вистинскиот јас,
Во моите песни за неа,
Има стихови кои никогаш никој,
Не би ѝ ги кажал или напишал,
Но за жал...
Таа никогаш нема ни овие да ги прочита...
Твоите сини очи
За една Анастасиа...
Не постои таква сина боја,
Како твоите небесно сини очи.
Твоите сини очи...
Се поубави од ведрото небо,
И посилни од ветрот.
И морињата ти завидуваат,
Бидејќи не виделе такво синило,
Посини од самата капка вода,
Во морето големо,
Чисти како детска солза.
Тоа синило ме опива,
Тие очи...
Кријат длабочини,
Подлабоки од океанското дно.
Тие очи...
Кријат вистини,
Никогаш неискажани.
Тие сини очи...
Се божествени очи,
Криејќи боженствено,
Божество,
На синото небо,
Тие сини очи...
Comments