top of page
  • Writer's pictureКултура β

Препуштни - Софија Бислимоски

Се уништивме, ги издадовме наште пријатели, ја раскажавме истата приказна која беше клише за слушање, ги отворивме телата и дозволивме да не стрелаат со нивните зборови. Се сокривме, заклучени во малечка просторија наречена ,,себе си’’, го проголтавме клучот и го закопаме во нашите органи.

Се прокоцкавме, ги продадовме телата на злобниците, ја слушавме музиката која тие ни ја пуштаа, го јадевме она кое ни го подготвуваа. Со валкани раце си ги уништивме нашите животи убивајќи ја секоја добра клетка која не красеше, а со тоа си го закопавме и детето во нас. Се потценивме, им дозволивме да ни газат на делата, да ни ја расипат енергијата и да дишат на нашата риторија. Едноставно, им се препуштивме на силеџиите во овој безмилосен свет со девијација.

 

Софија е дел од единаесетиот ден од двонеделниот поетски циклус на Култура β. Таа е родена во 2004 г. во Скопје и е втора година во Гимназијата „Раде Јовчевски - Корчагин“. Таа е авторка на 3 стихозбирки и добитничка на 3 меѓународни награди во Нови сад и едно Гранд При во Скопје. До сега има земено учество во нашата ẞ-инста-стихозбирка, како и во нашиот поетски конкурс кој го организиравме на крајот од минатата година.

14 views

Recent Posts

See All

Скопје СИ ТИ: „Го преколнувам мојот град“ од Методија Тасевски

го преколнувам мојот град по Балашевиќ го преколнувам мојот град да не ги руши мостовите и куќите пред нив и тие зад нив; да не ги бетонира парковите, тревите, зелените огради, цвеќињата, листовите, б

Comentários


bottom of page