• Култура β

Сè БЕШЕ САМО МИГ - Христина Тасева

Животот ми помина во мигови, црно-бели, накиснати од летните дождови и декемвриските снегови. Враќајќи се назад гледам пропаднати мигови за кои платив скапо. Се изневерив себеси верувајќи ти тебе, добар ѓаволу. Ја виде ли месечината вчера? Таа блескаше како никогаш до сега. Паметиш ли ти ангелу од подземјето кога таа сјаеше за нас? Таа вчера беше најмоќна, небото стана светол ден осипен со малите ѕвезди. Ја дадов последната мала грутка што накиснуваше во моето срце. Таа ја прими радо. Само еден здив, испуштив топол здив, здив на мрачно олеснување. Мојата љубов ја направи посилна, јас ја направив посилна, посилна од тебе. Паметиш ли ти безнадежен љубовнику кога седевме во паркот на онаа дрвена стара клупа, но сепак нова за нас? Поминав вчера случајно, но таа беше променета имаше нова боја, нови дрвени даски, нов поглед, нов почеток, почеток кој ти го одбра. Мигови, ластовици на пролетта, доваѓаат кога ти е најубаво а заминуваат кога е најболно. Мигови, лесни пранги на душата. Кога го прашале љубовникот што е тоа што те слабее, тежината на теговите на душава моја одговорил, а што е тоа што секогаш те враќа три чекори назад кога ќе направиш еден напред? Тоа се заборавените мигови кои секогаш ќе бидат незаборавени. Јас ти подарив миг но добив болен спомен. Ах мигови, мигови на тинејџерски години, мигови на страста, мигови кои само јас и месечината ги знаеме. Мигови кои ти не ги заслужуваш а јас ќе ги носам гордо како медал на поразот. Месечината полека згаснува затоа и јас ќе престанам со моево пишување, само знај живеј ги миговите, а не миговите тебе.


 

Новиот краток расказ е од авторката Христина Тасева која вели дека го напишала овој расказ бидејќи кога пишува или чита секогаш се буди нешто ново во неа.

28 views

Recent Posts

See All

Таа имаше љубов подлабока од морето, и душа поголема од универзумот. Ќе дадеше сè од себе за тие околу неа да се среќни, не обрнуваше многу внимание за себе. Сè додека не ја запозна својата прва љубов