top of page
  • Writer's pictureКултура β

Скопје СИ ТИ: „Најди ме“ од Розе Укоска


Најди ме


Најди ми збор потежок од тишината


и убиј ме со него.


Најди ми топлина во осаменоста


и стопли ме со неа.


Најди ми растојание поголемо од твојата мисла до мојата замисла


и предомисли ме со него.


Најди ми боја потемна од бездната


и обои ме со неа.


Најди ми сон во бессоницата


и посети ме во него.


Најди ми оган пораспламтен од страста


и фрли ме во него.


Најди ми реалност во фантазијата


и доживеј ја со мене.


Најди ми огледало почисто од очите


и гледај ме во него.


Најди ми вистина во лагата


и лажи ме секојдневно.


Најди ми тишина во разбунтуваната толпа


и чекај ме таму.


Најди ми име


и довикувај го,


со тоа име повикај ја гулабицата


и ќе ти ја каже тајната на слободата.


Повикај го славејот


и ќе ти ја каже тајната на песната


Повикај го штурецот


и ќе ти ја каже тајната на ноќта.


Повикај ја татковината

и ќе ти ја каже тајната на сонцето.

Повикај ја природата

и ќе ти ја каже тајната на светот.

Повикај ме

и ќе ти ја кажам тајната на љубовта.

16 views

Recent Posts

See All

Скопје СИ ТИ: „Го преколнувам мојот град“ од Методија Тасевски

го преколнувам мојот град по Балашевиќ го преколнувам мојот град да не ги руши мостовите и куќите пред нив и тие зад нив; да не ги бетонира парковите, тревите, зелените огради, цвеќињата, листовите, б

Comments


bottom of page