• Култура β

Смрдеа - Ива Петреска

Ронка среќа на метар квадратен

човек осамен,

во свет реален.

Поглед матен,

живот скратен.

Ѕвер гаден.

Марионета на несвесен љубовник.

Во непостоечка врска, пливач.

На туѓ човек даден.

Опсесија

Знаење во секоја интимна област,

а името изуст го нема слушнато.

Манија

потајно стегање на усните,

во дланката закопани ноктите.

Страсти изразени преку погледи.

Љубовната стрела никој не погоди.

Тајни знаци,

само за истата гордост од луѓето разбирливи,

а од уста зборови милузлави

- смрдат на кромид и лоша ракија.

Смрдат

Ги слушаш и убаво звучат,

ама носат со себе латентна арома.

Осамен е тагозбирачот,

не му замерувајте на неговата лажливост.

Бара љубов,

бара емоции и сигурност.

Толку многу сака да биде сакан,

а никој

Никој не се приближува на неговата смрдеа

Никој.

Никој не знае дека тој зависи

од своите мети.

Тој е куче со заби,

што се смирува на свински котлети.


 

Нашата нова ẞ-поетеса е Ива Петреска која пишува проза и поезија, а тоа го прави за да си ги објасни работите околу неа. Оваа поема, ни кажува, ја посветува на оние кои низ лаги пробуваат да најдат љубов.

7 views