top of page
Writer's pictureКултура β

Спиј - Игор Талески

Додека сум ненаспан, под овој мост на рационалното, сонувам за поспано лице, полузатворени очи – гледаат кон мене пред целосно да се затворат, одејќи на подобро место, да се оддалечат за момент. Додека некои глупави песни одекнуваат наоколу, додека сообраќајот е сè уште заглавен, ти само продолжи да сонуваш, сè додека го добиеш одморот кој јас никогаш не сум го добил, бидејќи сум бескраен мислител на саканите свои, кои никогаш не се свесни за љубовта која им ја праќам секој ден и овие поеми ми даваат малку мир, додека се обидувам да сфатам сè.

 

Игор Талески е шестиот автор кој зема учество во двонеделниот циклус на поезија на Култура β, тој е студент во четврта година на Филозофскиот факултет во Скопје.

Comentarios


bottom of page