Велат не барај ја наоколу бидејќи лежи во тебе.А така ли е? Ја бркаме среќата мислејќи дека треба да сме среќни, а среќата бега од нас.
Се бркаме како мачка и глушец, ние сакаме да се нахраниме со чувства. Се трудиме да ја избегнеме тагата зашто не сакаме да плачеме и солзи да ни се леат по лицето. Сега сме ние глушецот кој бега од мачката, бегаме од чувствата. Сакаме да не сме нервозни, сакаме при секоја лоша мисла ние да сме наеднаш среќни и радосни. И сфаќаме дека не секое чувство доаѓа кога ќе посакаме. И не само чувствата, се во нашите животи доаѓа кога најмалку, или кога воопшто не очекуваме.
Го ловиме совршенството, но дали е можно да го фатиме? Дали совршенството е нешто што постои?Дали чувствата кои сакаме да ги чувствуваме, чувствата од кои сакаме да избегаме, дали тие се вистински, дали постојат? На нашиот мозок му ја нaмeтнуваме мислата дека треба да живееме, среќно, заљубено и богато. Свесни ли сме дека само мислата заживува со нас, а не и чувствата кои не знаеме дали постојат и сепак си ги наметнуваме?
Чувствата не се сонце или дожд, не се мачка или глушец, не се храна, не се воздух.
Чувствата сме ние. Чувствата во животот се појавуваат постепено како и луѓето со кои ги осознаваме.
Ние треба да знаеме како да владееме со чувствата бидејќи тие излегуваат од нас.
И потоа нашата личност од нив.
Ние бираме дали среќата ќе е во нас или ќе ја бараме наоколу.
Во право биле.
Новата ẞ-авторка ни е позната по нејзината поезија со која веќе ни се претстави, а овојпат го објавуваме нејзиниот краток расказ посветен на среќата. Марија Ванѓеловска, во претходната прилика, за себе кажа дека не пишува често и дека не е сигурна дали тоа што го пишува има смисла, но сепак повторно читаме нејзино дело!
Comments