top of page
Writer's pictureКултура β

Странец - Клементина Аврамовиќ

Црна овца во стадо бело,

чудна форма на страно тело.

Странец во тело свое,

странец - кој и што е?


Фигура без глас,

машина, нива, слуга,

репродуктивно тело,

без функција друга.


Доволно беше, слушајте сега,

јас сум жена!

Јас сум Нина, Кате, Лена,

јас сум Ајше, Јасмин, Зара,

јас сум секоја женска душа, млада ил стара.

Јас сум една и јас сум сите,

јас сум вредна,

мои се дните.


Во мене се болките од сите жени,

присилни свадби и малолетни жртви,

насилство и тепања смртни,

притисок за сексуално чисти тела,

забрана за зборување и јавни дела.

Етички силувања,

жртва на секоја жена смела,

девојки, жени, мајки лишени од едукација -

жена жртва во име на нација.


Одлучуваат за моето тело,

општествени стандарди и норми,

ништо не е црно и бело,

гледам ужаси и насилства во сите форми.

Странец во ова општество гнило,

изговор не е: ,,тоа отсекогаш така било“.


Жена странец, без права,

не молчи - исправи глава!

Сакам слобода!

Слобода над моето тело!

Сакам слобода!

Од општеството цело!

Сега глас крени,

со молг драги ќе нема промени.


 

Нашата нова ẞ-поетеса која зема учество во нашата инста-стихозбирка е Клементина Аврамовиќ, активистка и феминистка, корчагинка, член на црвениот крст и заменик претседателка на Сојуз на средношколци на РСМ.


Comments


bottom of page