Се погледнавме за миг,
погледите ни се вклопија,
душите склопија.
Заклучивме едно патешествие,
си ветивме доживотно засолниште.
Јас до тебе,
ти до мене.
Остварувањето на нашиот сон -
главна цел,
дружбата - приоритетен дел.
А сега?
Отсега совршени странци – самостојни
градители на иднината.
Си останавме обострано убав спомен.
Нашата нова ẞ-поетеса е Милена Милорадова која ни се претставува со нејзинот авторско дело ,,Странец" како дел од нашата ẞ-инста-стихозбирка. Вели дека за неа пишувањето е лек, безбедно засолништа од животот, а читањето проза и поезија најдобра терапија за одмор.
Comments