top of page
Writer's pictureКултура β

Те-са-кам - Тамара Мирческа

Те-са-кам.

Cliché.

Малку се овие 7 букви за да можат да опишат.

Малку се за да успеат да ги соберат сите Емоции кои можеш да ги држиш во себе,

малку се за да успеат да се носат со сиот товар.

Што?

Мислиш дека ако некој ги артикулира овие 7 прекрасно скоцкани букви и го изговори она што за секоја душа претставува омилена поема, ќе те задоволи?

Мислиш дека голото тело кое ноќе ќе биде припиено до твоето, е со сигурност целосно твое?

Не!

Можеби ,,поскапо” ќе те фати,

ама наместо тие 7 букви.

Потруди се,

пред да излетаат од твоја усна.

Таа иста усна да научи

не само убаво да љуби.

Научи ја

убави зборови да вези,

милозвучни песни да пее,

комплименти,

насмевки...

Срцето (од кое по некои правила треба да биде изворот и самиот корен на тие 7 букви) треба да зборува повеќе од самата усна, треба да ги има преслушано и научено сите,

запази С И Т Е,

па дури и најситните

(за некој неважни)

податоци за Љубовта.

Лагите,

љубомората,

себичноста

да бидат непознати и не зачувани термини во твојот речник

Чекај, има уште!

Дланките со кои ќе го галиш партнерското тело, да бидат чисти како изворска вода.

И да,

нека не ти е предизвик самата помисла на искажување на емоции.

Соблечи се сѐ до душата пред твојот Тој,

еден човек.

Треба душата да може да ти ја види за да прегратката,

всушност биде Прегратка.

Таа Голотија ми е омилена!

Остави ме душата да ти ја сакам

Срцето да ти го љубам.

Остави ме солзите со мои да ги спојам тежината носам

раните со насмев

закрпам

Остави ме да те љубам

Остави ме да ти рецитирам поезија

Остави ме да ти го чувам Срцето

на сигурно ќе е

Ветувам!

Дојди!

Не се плаши!

Љубовта предизвик е,

многу поголем од тоа што младината го замислува.

Не секој ја знае

Не секој точно ја споделува

Не секој знае да ја сака

Не секој знае да ја чува

И што е најважно

Не секој ја победува!!

Се прашуваш зошто ти треба победа?

Нели предизвик е

Не е колач кој можеш ако денес ти се згрешил рецептот,

утре

нов да подготвиш.

Не е игра во која

нов ,,живот”

ќе добиеш.

Освести се

И

Сакај!

Сакајте до бесвест луѓе!

Сакајте како да утре ќе нѐ нема!!

И да,

,,те-са-кам” не е Љубов.

Тоа се само навезани букви кои се мевлем на Душа и уши. Добро запомни!

Б у к в и!

 

Тамара Мирческа е последниот учесник во нашиот ддвонеделен циклус со поезија, таа е студент на Институтот за психологија при Филозофскиот факултет во Скопје. За себе таа вели: „За себе можам да кажам дека сум верен љубител на убавиот збор како и целосното препуштање на своите чувства и емоции врз парче хартија.“

Comments


bottom of page