top of page
Writer's pictureКултура β

Ти - Зорана Митовска

А камо среќа да можеше да ја почувствуваш топлината на моите солзи,кои течеа како водопадот на кој што бевме тогаш. А камо среќа да можеше да го осетиш огнот во мене, голем колку цел свет, а збарн во оваа мала,кревка душа. А камо среќа да можеше да го видиш ова бледо лице кое со денови не склопило очи. А камо среќа да можеше бар за миг да ѕириш во ова срце, кое без тебе е како школка на која бисерот и го украле. Камо среќа да можеше да се погледнеш низ моиве очи, да видиш што се си за мене.

Беше светлина во мрак, ми беше бело во мојот црн и меланхоничен свет, беше сонце кое неочекувано се појави додека дождот компонираше мелодија. Би сакала да ти дадам се што никогаш си немал. Ме прибра уморна, а ме врати цела. А што ќе ми се нозе кога ти ми беше крилја, што ќе ми се раце кога повеќе не се топиш и забораваш во нив. Што ќе ми се усни кога повеќе нема да ја почувствуваат топлината на твоите, што ќе ми се очи кога повеќе нема да гледаат исто. Ти беше семејство, беше се. Со тебе, како да се давев во длабочините на слепата љубов, бранови ме поклопуваа, се гушев, не можев да дишам, тонам се подлабоко...Но, во тој момент наместо црнило кое никнува кога ги затвараме очите, видов светлина, видов белина! Ништо не е мрачно со тебе. Во тој момент не сакав никој да ми подаде рака, ми се допаѓаше тоа што тонам. Го прифатив дното како мој дом, само ако си со мене. Го прифатив пеколот како бојно поле, само ако си пред мене. Го прифатив ѓаволот како сојузник само ако си покрај мене, ја прифатив бурата како секојдневие само ако за рака ме водиш низ неа. И сега како после оваа моја пожртвуваност на која и Јулија би и завидувала да се откажам? Како да заборавам?

Полжавот излегува од куќичката, зората од прегратките на мракот, змијата кошулата ја менува, детето од утробата на мајката, пеперутката од свилениот меур, а како јас да оставам? На кого да кажам кога ќе ме ранат како птица среде сурова зима? Кој сега ќе ми ги лечи раните кога крв од моево срце ќе потече?

 

Зорана Митовска е авторка на краткиот расказ „Ти“. Таа доаѓа од Штип и има 19 години.

Recent Posts

See All

Загуба - Ева Василева

Таа имаше љубов подлабока од морето, и душа поголема од универзумот. Ќе дадеше сè од себе за тие околу неа да се среќни, не обрнуваше...

Comments


bottom of page