top of page
  • Writer's pictureКултура β

Убавината во неубавото време - Мартина Даниловска

Запре времето дури трепнав,

не го знаев часот, ниту минутата

ни годишното време кое ја избојуваше надворешноста.

Лицата наполу си ги сокривме

и насмевките не си ги видовме.

Зборот некажан остана,

слушав само прегласен молк

и во копнеж се претворивме.

Но знаев дека растеме

меѓу две времиња

и меѓу две пораки и две прегратки,

два автобуса и две патеки.

Трудејќи се да ги спојам

во една единствена линија да ги скројам.

И кога на јаве пред очи ми се престори

мислите кон себе ми ги престрои

во само еден миг.

За тој бескраен миг на радост пораснавме

една во друга душите си ги притиснавме

за никогаш повеќе да не згаснеме.

Почувствував мир, целост

низ двете очи ми се продре невина светлост

милувајќи ја мојата единствена убавина,

убавината во неубавото време.

123 views

Comments


bottom of page