top of page
Writer's pictureЛеонид Велковски

Форматот во кој живееме, за композицијата, компонирањето и ограниченоста

Низ текот на животот, како растеме и созреваме, секогаш во некоја точка од животот си замислуваме како би се вратиле некаде назад таму во некој момент, кога ни било полесно, кога сме уживале, кога сме славеле, сме се радувале, сме јаделе нешто убаво, сме посетиле или гледале нешто воодушевувачки. Обично, поголемиот број на луѓе, детството го паметет по нешто убаво и секогаш кога се во некоја депресивна фаза, се потсетуваат свесно или несвесно на детето во себе, на безгрижните моменти кои ни ги носи тоа време. Тука има и психолошки момент, и човекот за жал се раѓа како дете, па потоа расте или созрева во возрасен, што некој би сакале да е обратно.


Тоа е интересното, што модерното живењее наложува животот на човекот да се дели на делови, да го живееме како една приказна, меѓутоа тоа е веќе и субјеткивно гледиште на животот, можеби тука има нешто архетипски, колективно несвесно за што треба да го консултираме Јунг. Мислам, посекако пишувањето приказни и правењето било какава уметност е рефлексија на нашиот живот, па и гледањето на животот како една приказна со три дела или филм, роман, драма, не е важно, важно структурата на животот има три дела: детство, зрелост, старост (грубо речено) или почетен дел, главен дел и завршен дел, смртта која ни е инстиктивен страв, толку длабоко всаден што е инстиктивен, нашите предци ни го пренеле како нешто многу страшно, од кое за жал навистина нема бегање. Можеби во иднина ќе се пролонгира или целосно ќе се избега, но сега за сега, сите сме смртни суштества. А доказот за големиот страв од смртта се одразува и на свесно колективно ниво, така што луѓето постојано бараат научни начини да останат што подолго живи, а телото да биде што помладо.


Човекот за жал не може да избега од својот ум, не може многу да избега од своите мисли, освен во некои екстремни исклучителни медицински и психијатарски случаеви. Ние сме заробени во еден орган, во еден орган кој кај други видови животни на оваа планета, волуменски е поголем од нашиот, а ние сепак во тој мал простор живееме и создаваме многу чуда. Сме создале чуда, ја проучуваме природата и универзумот, сме ги откриле веројатно дел од законите на универзумот, сме откриле сили и сме откриле од што ние сме составени, од што е составен целиот универзум, откриваме нешто кое со нашите очи не можеме да го видиме. Односно не можеме да го видиме без дополнителна помош, но со помош на техниката и технологијата, можеме, односно со помош на науката. Ете и тука имаме мало ограничување, сетилата ни се ограничени, па и машините и технологијата која ја создаваме можеби ја создаваме ограничена, а поимите што ги замислуваме ги замислуавме според формите и појавите од природата. Меѓутоа, дури и нашиот мозок, до некој степен е веројатно ограничен и нема да можеме да го развиеме повеќе од тоа. Но, тоа е деликатно прашање, колкав е потенцијалот на нашиот мозок и дали може да се развие уште поеќе и да се подобри?


Ако сретнеме некоја вонземска цивилизација и таа ни покаже дел од својот свет, живот, ни открие нешто што ние не го знаеме, дали ќе можеме воопшто ние тоа да го восприемиме и сфтаиме? Дали ние ќе посакуваме таков живот, нешто длабоко во нас ќе копнее по тоа, ќе копнее и ние како хомо сапиенси да го имаме знаењето што тие го поседуваат. Веројатно ако го добиеме ќе се променат многу работи и животот веројано ќе добие нова вредност и значење, можеби и нова организираност. Односно на некој начин, како што си заробен во твојот ум така си заробен и од општеството. Сепак како суштетсва кои сакаат да бидат индивидуалци и секако сè, ние би сакале да се ослободиме и од нашите родители, но и не сакаме општеството да ни диктира, иако ни диктира бидејќи сите ние сме табула раса и потоа се пишува на нас, односно со нашето раѓање ние сме вшмукани во турбината која постојано врти и не можеме да останаме чисти, односно најчисити, иако ни тогаш не сме, односно кога ќе се родиме. Најчисти во смисла на испишуваното по нас, но некаде таму длабоко во нашите гени, нашите родители и предци веќе пишувале и дури ги имаме гените од нашите далечни предци, првите хомо сапиенси кои и до ден денес ни влијаат и не не оставаат да бидеме вистинска табула раса.


Целењeто кон слобода, односно нашето свесно се бори со нашите животински инстинкти кои ја бараат заедницата, можеби и е помодерен конструкт, но е доста општ поим и може да се разгледува од повеќе аспекти. Ако зборуваме за слободата на живеење или одлучувањто на кој начин ќе живеам, теоретски значи ние да одлучуваме како ќе сакаме да си го органзираме нашиот живот и што ќе правам јас со него, ако го замислиме поконтректно и материјално, а не толку апстрактно и ако му дадеме некои цели и го поделиме ние како сакаме, знаејќи дека еден ден јас ќе умрам. Но, јас се запрашувам иако сме смртни, иако се раѓаме како деца кои потоа се развиваат и учат, иако биологијата, генетиката и психологијата ни го диктираат исто така животниот пат, зошто ние ја немаме слободата, односно родителите не ни ја даваат слободата, ние самите да си го организираме несвесно или полусвесно, можеби и свесно животот, низ текот на растењето, да не го делиме во триптих, туку секој да си го подели животот како сака. Можеби во детството ќе одмарам, можеби потоа ќе учам па ќе работам во староста, или пак во детството ќе учам едно, па ќе работам друго, или потоа повторно ќе учам, па ќе работам трето, па потоа ќе одмарам. Зошто ја немаме слободата на делење, слободата на реинветирање, создавање, губење или одмор, работа или работа па одмор. Сето тоа и сега го имаме, но сепак се движиме по некоја зацртана траекторија која што огромниот дел од популацијата ја следи и живее по некои непишани или пишани правила.


Можам сега тука да го критикувам и општествениот систем, економскиот систем, кој ни наложува донекаде таков вид на живеење. Но, некако тој триптих се движи од почетокот на цивилизациите, се провлекува скоро низ секој дел од историјата и дури влијае на тоа што ние го создаваме. Во историјата малку е покомплексно, зависат повеќе фактори, како сталежи на пример, што и денес го имаме во овој систем. Нас и биологијата ни диктира во форматот во кој ќе живееме , нели како млади сме поздрави и со повеќе енергија, а како стари сме поистоштени и можеби сме поболни, но тоа е релативно. Тоа можеби би се сменило ако го промениме форматот, односно ако ја промениме делбата, композицијата на животот. Сево ова може да се гледа низ разлчни призми, но сепак во современото живењее не афектира нас нешто поспецифично.


Капитлизмот како систем и го фаворизира тој начин на живот, го поддржува и му треба, односно силно ни го наметнува. Ние како слуги на системот, се покоруваме несвесно и мораме да живемее онака како што ќе не форматираат. Иако ова повторно се насочува кон критика на капитализмот, но можеби има смисла и ова разбирање и размислување за сегашниот систем ќе ни помогне нешто да подобриме и да смениме нешто во нашите животи, во композицијата и компонирањето до сега. Круцијално е да се размислува за иднината, но круцијално е и да се размислува за сегашноста така што иднината би се променила. Во контекст на сегашноста е важно да го анализираме општествено – политичкиот и економски систем во кој живееме, на начин на кој би го подобриле, уништиле би создале нов и подобар, но тоа е можеби, но во секое можеби има можеби некоја вистина.


Мислам дека кога зборуваме за круцијалности, веројатно е покруцијално како читателите на оваа колумна, текст би си го замислиле животот без прангите од општеството, без свесниот и несвесниот диктат на родителот и на системот на вредности, кој не вреднува и обезвреднува, без системот во кој сега живеат? Останува на читателите да навлезат во длабочините на ограничениот ум и добро да размислат што би било ако сум целосно (тотално) слободен (ослободен).

Comments


bottom of page