top of page
Writer's pictureКултура β

Целта на поетот - Кристина Дојкоска

Ова е целта на поетот.

Отсекогаш било вечна дилема

за поет да најде совршена тема,

да ја навезе прецизно и глатко

предизвикувајќи кај читател

некое чувство слатко.

Да го опие со збор ко вино,

но сосема незабележително и фино,

да не сети тежина од вреќи поетски што се насобрале на плеќи.

За момент да избега од реален свет,

да тргне во бестежински лет.

Песната е да го натера

читателот да се внесе,

да научи да ужива

иако душата му се тресе.

Да сака да чита - пак и пак,

да го насочи кон среќата

животниот лак,

да завладее со себе

умешно и вешто,

да научи од животот

да прифаќа сѐ и сешто.

Да почне да живее,

да не го чека самиот крај,

да го впие несовршениот сјај

на единствениот живот што се нуди,

оној кој авантура и искуство буди.

Да го сака тој "јанг и јин",

да го почувствува крвавиот ринг,

но никогаш да не дозволи да лази

и по својата душа да гази.

Но поезијата има и една мана,

а таа се крие на поетската страна.

Често е мачнина или крвав рез,

можеби некогаш и бол и бес,

но од овде потекнува

и љубов и среќа,

тогаш кога човек умее да

заплива во оваа бесконечна река.

Од спротивности исти,

нечистотии чисти,

стара младост

и тажна радост.

Сѐ е тоа проекција на емоција,

човечка скромна промоција,

скроена по сечија мера

да направи да се врати

човековата вера.

Во себе. Во другите. Во светот.

Ова е целта на поетот.

 

Кристина е нашата нова поетеса која зема учество во нашата стихозбирка. Таа пишува поезија на македонски и англиски јазик, за себе вели дека е вљубеник во пишаниот збор и поезијата и верува дека уметноста е една од ретките безвременски работи што нѐ дефинира и останува засекогаш, долго после сите нас.

Comentários


bottom of page