top of page
Writer's pictureКултура β

Циклус поезија од Бојана Здравева

ЉУБОВ


Вистинската љубов е таа што ја сакаш со сите свои рани,

Таа порано или подоцна ги победува сите зла.

Треба да се соочува и брани од секакви незгоди.

Заедно да пребродиме се,

Што и да се случи да бидеме еден покрај друг.

Без љубов и без надеж не се живее.

Без неа светот не се врти.

Љубовта да ни биде рајско цвеќе,

Светлина во нашите очи.


БОЛКА


Патувам кон длабочината на тишината.

Во мене се излеваат остри маки од болката.

Луѓето се како пијавици,

Полека ти се закачаат и ти ја пијат крвта,

Додека да умреш.

За која сламка и да се фатам ми останува в рака.

Па таа болка во срцето ми остави трага,

За секој ден да се прашувам, за што ја истоштив мојата снага.


О ТАГО


О таго моја, зошто во мене се скри?

Зошто во душата како солза се впиваш?

Во грлото како грутка се зби.

Ми се врежа како белег во страшни сни.

Те запишав во сите мои болни дни.


ЗРАК СВЕТЛИНА


Низ таа мрачна темнина морници те лазат,

Но не откажувај се!

Трња те боцкаат,

Не застанувај!

Коприци по телото те допираат,

Не плаши се, издржи!

Живо суштество си, да!

Но продожи по патот, не запирај!

И човеку знај дека во темнината,

Од некој мал агол џирка еден зрак светлина,

Кој ти дава надеж да продолжиш да живееш,

Да се бориш со маченичкиот живот,

До твојот последен здив.

 

„За мене творам значи постојам, оставам траг зад себе. Секое зборче има посебно место во моите поезии. Сето ова на некој начин е мисла запишана на лист хартија, но преку пишувањето ги искажувам сите можни форми на љубов, радост, среќа, тага и сè што е апстрактно. Она што не можеме да го дофатиме, тоа се всушност нашите емоции.“ ни раскажа накратко Бојана





Comments


bottom of page