ЦРВЕН КОНОП
Јамболлиите за мојот чеиз ги изедоа молци.
Најпознатото дело на вештите раце на мојата прабаба,
сега само растргнати конци од грубите шепи на скриените волци
кои го беа населиле нејзиното трло.
Одамна полна Месечина небото го краси.
Срната е странец во утробата на својата мајка.
Сочно месо - токму за божиќните маси,
сосема во склад со лажните трофеи на столовите.
Неискусни раце, постојан тремор -
конецот никако во иглата да се вдене.
Бледило и белези на модра слива од премор,
несвојствени украси за младоста.
Полесно е нешто да уништиш отколку да створиш.
Дрвото со трула срцевина лесно се кине.
Мислиш дозволено ти е да твориш?
Зашиј си ја устата со оној црвен коноп на прабаба ти.
Анамарија Јанкова e скопјанка со длабоки струмички корења, таа има 22 години и е студентка на Медицинскиот факултет во Скопје.
Песната „Црвен коноп“ беше прочитана на „Отскочна даска #3“, настанот за млади на Скопскиот поетски фестива
Comments