top of page
Writer's pictureКултура β

Член од „најлошите“ - Матеја Ацески

Ароганцијата те отсликува како будала, а ти толку гласно зборуваш. Речник полн со тапост и бесмислици, мислиш светот е твој, а не поседуваш ни парче земја. Егото како брза река ти тече од секој раб на телото, дури и устата ти фаќа мувла.

Срцето ти е толку далеку од умот, забораваш за љубов, затоа си празен. Осуди еден, осуди друг, со тоа се храниш, дури и коските нивни ти се слатки.

Врти ги наивните на мал прст, кажи им дека ги сакаш, а потоа тајно презирај ги. Само така ќе станеш член од „најлошите“.

Трчај по скапи листови, како што трчаш на маратон. Очите блескаат со симбол на зелени банкноти, жеден за повеќе

и повеќе, ниеден не се решил за помалку, следи ги до последен здив, вреди ли?

Comments


bottom of page