top of page
  • Writer's pictureЛеонид Велковски

Љубовна револуција или со љубов до револуција

Можеби е клише да се повторува постојано, но вистината е дека сепак љубовта е таа која не прави живи и прави да ни биде убаво на овој свет, ни дава смисла на животот. Кога има кого и што да љубите, тогаш има зошто и да живеете. Тоа е толку едноставно.


Но, вака на зборови изгледа едноставно и логично, а во реалноста сликата е друга. Општеството и луѓето создале принципи и правила на однесување, дури и за љубовта и интимните односи помеѓу луѓето. Жените треба вака да љубат, мажите на друг начин. Но, срцето не прашува кој ќе љуби, туку самото бира, а свеста знае дека можеби тоа на другите нема да им се допадне, па се плаши да го слуша срцето.


Нема зошто да се плашиш, кога љубовта на крајот секогаш победува. Но, тоа е кога станува збор за љубовта, а не кога се следат одредени правила пак, поставени од другите луѓе, поставени од таа група каде што сметаат дека припаѓаш. Треба да се рабере дека борбата за еднаквост во општеството ќе успее кога едната група ќе го прифати и ќе ја разбере потребата и вистината дека навистина се работи за љубов, за човечки чувства, за реалност која постои, но можеби не е толку изразена во општеството, а знаеме зошто.


Секогаш маргинализираните групи сакаат другите да ги прифатат, но од друга страна сакаат да ја изразат различноста и колку тие се посебни. Посебноста и различноста се прекрасна работа и различностите мора да се почитуваат и прифаќаат, но кога ќе се дојде до она најосновно чувство, љубов, ќе се разбере различноста и потребата и ќе се покаже вистинската длабочина на човечката потреба за прифаќање и сакање.


Тоа ќе се покаже кога на маршот за права ќе бидат повикани сите страни, кога ќе биде тоа еден протестен марш, ,,Марш за љубовта”, кога ќе се покаже дека сите се повикани, повикани да се слави љубовта, да се протестира во име на љубовта, да се протестира против оние кои не можат да го отворат срцето и да ја разберат и почувствуваат љубовта која владее и треба да владее со овој свет. Горди ќе бидат сите, кога љубовта ќе успее да го симне општествениот ограничувачки превез, кога љубовта ќе ги победи и ќе надвладее над омразата, стравот и збунетоста која владее кај некои луѓе.


Тоа би било љубовна револуција, љубовта е најсилниот адут, најсилното оружје кое може да се искористи против луѓето кои не сакаат да ја разберат и луѓето кои срцето го држат заклучено, слушајќи го злобното гласче во главата.

Љубовната револуција би требала да треа цела година, секој ден. Секој ден да се покаже колку таа е важна и дека навистина постои. Правата за маргинализираните треба да се бараат и да се бори за нив секој ден, правно, бидејќи ако нема политичка волја и ако нема граѓански активизам, нема да може да се се дојде до посакуваните права. Од друга страна граѓанскиот активизам и ангажман сигурно ќе успеат да издејствуваат политички и да ги поттикнат политичарите повеќе да се осврнат на правата на оние кои ги немаат.


Маргинализираните пак, не треба да се плашат и треба да покажат дека се тука, дека постојат, дека сепак и тие живеат, работатат, успеваат и придонесуваат за општеството. Ослободувањето прво треба да се случи внатре во маргилизираната група, каде што таму ќе се победи стравот и ќе се развее бојата на љубовта заедно, можеби и над шаренилото кое преовладува.


Љубовта да надвладее над идеологијата, над профитот и над лажната гордост и поддршката која се добива, но за жал, само на еден ден.

150 views

留言


bottom of page