top of page

Денување – Стефан Костоски, добитник на „Енхалон“ на 62. СВП

Writer: Култура βКултура β

Денување


Песот го душка денот.

Од исток се слушаат гласови на деца

а јас ги премерувам четирите ѕида

врз кои паѓа светлината новородена.


Му се смееме на сонцето

додека едното око го гледа

а другото му намига.

Раката е задоволна со бисерите во снегот.


Сенката нема каде да оди

освен во своето тело.

Така чекорите се враќаат сами


додека мракот паѓа како застрелан војник.

 

Песната „Денување“ е добитник на наградата „Енхалон“ на 62. Струшки вечери на поезијата, а се доделува за најдобра песна од млад автор прочитана на фестивалот.


Стефан Костоски е роден во 1991 година во Охрид. Во родниот град завршува основно и средно образование, а дипломира на катедрата Општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Поезија и литературни есеи објавувал во периодични списанија. Член е во надзорниот одбор на списанието за литература, култура и уметност „Современост“. Во 2020 година ја објавил првата поетска збирка „Гирланда“.

Comments


bottom of page