Климатските модели се компјутерски програми кои овозможуваат симулација на времето. Со помош на овие симулации, климатските модели можат да ги проценат просечните временски услови на Земјата под различни околности. Научниците користат климатски модели за да предвидат како климата би можела да се промени во иднина, особено кога човечките активности, како додавање на стакленички гасови во атмосферата, предизвикуваат проемена на основните услови на нашата планета.
За да се симулира времето климатските модели треба да ги запазат физичките закони (законот за зачувување енергија и законот за идеален гас). Тие исто така вклучуваат променливи како што се воздушниот притисок, температурата и ветерот. Овие променливи се изразени како равенки кои климатскиот модел мора да ги реши. Решавањето на равенките создава тродимензионална слика која ги прикажува врнежите, океанските струи и промената на годишните времиња.
Comments