top of page
Writer's pictureВасил Ханџиски

Еко-фактопедија: Анализа на животен циклус

Анализа на животен циклус ( ,,Life - cycle assesment (LCA)”) е методологија која се употребува за да може да се процени влијанието кое го има некој производ врз животната средина во текот на целиот негов животен век. За оваа анализа да биде целосна потребни се податоци од сите фази на животниот век на производот, а тие се: придобивање суровини за изработка на производот, производство на производот, транспорт на производот до потрошувачите, употреба на производот и што со производот по неговата употреба (оваа фаза е кога производот станува отпад).


Овие анализи се значајни затоа што им овозможуваат на компаниите при одлучувањето да го земат предвид и влијанието што го има нивниот производ врз животната средина и да се одлучат за изработка на производ кој има минимален импакт врз нашата околина. Ограничувањето е во тоа што најчесто таквите производи носат поголем економски терет за самите производители и затоа во интерес на сопствениот економски напредок компаниите не ги земаат предвид овие анализи.

Comments


bottom of page