top of page
  • Writer's pictureВасил Ханџиски

Еко-фактопедија: НП „Галичица“

Националниот парк „Галичица“ со цел да се зачува растителниот и животинскиот свет на планината Галичица бил прогласен за национален парк во 1958 година. Поголемиот дел од него е вклучен во границите на Светското природно и културно наследство на охридскиот регион, впишано на листата на Светско културно и природно наследство на УНЕСКО.


Паркот претставува жариште на биокошката разновидност во регионот но и пошироко. Се среќаваат 4 таксони од без'рбетните и 13 од 'рбетниците кои се сметаат за глобално загрозени. Покрај тоа паркот го населуваат поголем број таксони кои се среќаваат само во Македонија или на Балканот и тоа: 46 таксони виши растенија, 89 таксони без'рбетници и 14 таксони 'рбетници.


22 views
bottom of page