top of page
Writer's pictureМарија Хана Трајкоска

FACT NO.15 - Зад одаите на класикот „The Shining“

„The Shining“ е безвременски класик и еден од ретките хорор филмови кои стекнал огромна слава и признание низ годините, меѓутоа злогласениот режисер до таму стигнал на бескруполозен начин


Перфекционизмот на Кубрик и негоавата визија за делото на Кинг ја довело Шелу Дувал, главната женска улога во филмот, до ментално растројство и долгогодишна терапија. За време на снимањето, актерката константно била омаловажувана од срана на режисерот, кој често велел дека не знае да глуми, и дека останатите не треба да ја слушаат бидејќи нејзиното мислење не било вредно. Позната сцена со бејзбол палката, била преснимувана 127 пати, со цел Кубрик да си поигрува со емоциите на Дувал и да ја извади вистинската хистерија од нејзе. Според документарецот, „The Making of The Shining“, се ова биле техники кои режисерот ги користел за да го извади најдоброто од актерката. Сепак, самиот Стивен Кинг, неколку пати има изјавено дека не е задоволен од оваа адаптција, поради начинот на кој е доловено неговото дело, особено во однос на ликот на Шели Дувал. Во секој случај резултатот на третманот на Кубрик кон Дувал, може да се види дури и во 2016 во епизода на „Доктор Фил“ каде таа е гостин.

Нејзината појава во емисијата се смета за доста вознемирувачка, бидјеќи меѓу други нелогични изјави, споменува дека починатион Робин Вилијамс е се уште жив и дека завзема секакви облици.

Нејзината сегашна психичка состојба не е позната, меѓутоа Американскиот Актерски Фонд и помага во исплаќањето на нејзините лекувања.

コメント


bottom of page