По улиците на Њу Орлеанс, кон крајот на 1910те години, се ширеа галсини за ноторниот сериски убиец „The Ax-Man“. Со веќе неколку извршени убиства, кои ги извршувал со секира која што после убиството ја оставал во дворот на жртвите облеана во крв, полицијата не успеа да го најде серискиот убиец, кој што впрочем не е идентификуван до ден денешен.
На 13ти март 1919 година јавно беше објавено писмо наводно од убиецот на кое покрај луридните искази дека тој доаѓа од пеколот, кажува дека на 19ти истиот месец ќе помине низ улиците на Њу Орлеанс, но поради неговата љубов кон џез музиката тој побара да низ домовите во цел град биде пуштена џез музика во 12:15 часот. Иако беше сомнително потеклото на ова писмо и мноштво не веруваа во истото, сепак во 12:15 часот низ скоро цел Њу Орлеанс се слушаше џез музика од домашните грамофони, а џез клубовите беа преполни. Локален музичар Јозеф Џон Девила искомпонира џез песна „The Mysterious Axman’s Jazz (Don’t Scare Me Papa)“ во „чест“ највата за посета на убиецот во Њу Орлеанс.
Comments