top of page
Writer's pictureЛеонид Георгиевски

FACT NO.6 - Корените на психоделичен хипи стил

Во екот на општествени, политички и економски промени, во 1960те години се појавува т.н. хипи движење. Движење кое има не само општествени значења, туку остава и силен белег во историјата на уметноста. Овој психоделичен стил е специфичен по неговите флуидни линии, висококонтрастни бои, нежни и природни фигури.



За прв пат се користи ваквиот стил за производство на постери за бендови во 1960те револуционерни години на музиката. Поради честите концерти и фестивали во тоа време на подем на музичката индустрија, продукциските куќи требаше да најдат начин како секој бенд својствено да го претстават пред јавноста. Па така се случи комбинација на карактеристики од стрипови и надреализам, два доста влијателни правци во уметноста тие години и се разбира главниот двигател на ова психоделично движење – art nouveau, или во буквален превод ,,нова уметност”.


Овој art nouveau стил, иронично, не е нов правец кој се појавува во XX век. Тој постои скоро цел век пред хипи движењето, уште од крајот на IX век, поточно се појавува за време на Втората индустриска револуција, како одговор од уметниците кои сметаа дека индустријализацијата го прави светот грд, па воведоа една натурална противтежа во светот на уметноста. Психоделичниот правец впрочем од оваа уметност ги презема природните и елегантни фигури со спирални линии и прекрасната природна симетрија, кои во времето на нивното прво проникнување во светот ја претставуваа флуидноста на народот за време на поставување на гласни метални објекти околу нив.

Со тек на време оваа кохезија на повеќе слободоумни правци ќе остави свои белези во музиката, модата, архитектурата, уметноста, па дури и политиката. Затоа овој психоделичен стил е само дел од едно либерално движење, кое во историјата се појавува два пати во интервал од скоро еден век. Дали ние ќе го дочекаме нашето art nouveau и хипи движење на XXI век и како овој пат ќе биде тоа манифестирано? Only one way to find out:)

Comments


bottom of page