Љубителите на философијата, литературата и пишаниот збор се имаат запознаено со концептот на егзистенцијализмот. Како правец во философијата, го водедува данскиот философ Сорен Киркегор, а подоцна, Сартр практично го присвојува поимот “егистенцијализам“.
Во литературата пак, Достоевски е оној кој става светло на овој правец. Имено во 1864 година го објавува првиот егзистенцијалистички роман „Записи од подземјето“. Романот е напишан во прво лице и нѝ претставува лик кој е незадоволен од општествените окови во кои е ставен и очајно пробува да го издигне својот идентитет надвор од општествените норми. Ова дело е опишано и како „веројатно најважниот извор на современата дистопија“. Достоевски преку „Записи од подземјето“ ги сади корените на многу влијателни автори и творби во сферата на философијата, литературата и филмот.
Од него иснпирирани се текстовите на Фридрих Ниче, пишувањето на „Метаморфоза“ од Франц Кафка, „Таксист“ (Taxi driver) во режија на Martin Scorsese, American Psycho од Bret Easton Ellis, како и за создавање мноштво филмски адаптации на самиот роман.
Извори:
theculturetrip.com
cliffsnotes.com/literature/
Comments