top of page
Writer's pictureАндреј Медиќ Лазаревски

FACT NO.7 - Шифрирана месечева порака од еден домороден антиглобалист

Во новото издание на β-фактопедија ќе издвојам еден цитат

Ј.Н.Харари

од делото Сапиенс на Јувал Ноа Харари. Харари е израелски историчар, философ и еден од најпознатите светски писатели кои во последно време, покрај тоа што своите дела ги издигнува на ниво на комерцијална популарност, сериозно се истакнува со својата квалитетност на писателскиот наратив присутен во неговите дела.

Мак. издание на „Сапиенс“

При читање на Сапиенс налетав на една интересна анегдота поврзано со вежбите за слетување на месечината кои припадниците на Аполо 11 ги изведувале во една пустина која личела на површината на Месечината во западниот дел на САД. Имено, таа пустина е дом на неколку домородни американски заедници, а постои една приказна или легенда за средба меѓу астронаутите и еден локален жител.

Во продолжение ја пренесувам легендата во целост:

„Еден ден за време на подготовките, астронаутите сретнуваат еден стар домороден Американец. Човекот ги прашал што прават таму. Одговориле дека се дел од истражувачка експедиција која наскоро ќе патува да ја истражи Месечината. Како старецот го чул тоа, не одговорил веднаш. По неколку минути молчење ги прашал астронаутите дели можат да му направат една услуга.

„Што сакаш?“ го прашале.

„Па“ рекол старецот, „луѓето од моето племе веруваат дека на Месечината живеат свети духови. Си мислев дека ќе може да им пренесете една важна порака од мојот народ“

„Која е порака?“ го прашале астронаутите.

Старецот пропелтечил нешто на јазикот на своето племе и потоа ги замолил астронаутите да повторуваат по него, сè додека не ја запомнат пораката како што треба.

„Што значи тоа?“ го прашале астронаутите.

„Не можам да ви го кажам тоа. Тоа е тајна што само моето племе и духовите на Месечина смеат да ја знаат“.

Кога се вратиле во базата, астронаутите упорно барале некој кој го зборува јазикот на племето на старецот, и кога конечно го пронашле, го замолиле да им ја преведе тајната порака. Кога ги повториле меморираните зборови, преведувачот почнал хистерично да се смее. Кога конечно се смирил, астронаутите го прашале што е значењето на овие зборови. Човекот објаснил дека реченицата што толку внимателно ја запомниле гласи: „Немојте да поверувате во ниту еден збор што овие луѓе ќе ви го кажат. Дојдени се да ви ја украдат земјата.„ „

 

Извор: Харари, Јуа Новал. Сапиенс. Кратка историја на човековиот род. Прев. Соња Андонова. Скопје: Три, 2018.


Comentários


bottom of page