Инспириран од траумите на втората светска војна Џ.Д.Салингер ја пишува книгата „Игра во ’ржта“ и ја објавува во 1951. Книгата, заедно со авторот одеднаш стекнуваат огромна слава и препознатливост. Во моментот кога авторот станува свесен за својата слава и тогаш решава целосно да се изолира од јавноста. Поради комплексната тематика, романот доживува исклучителни пофалби, но и критики. И покрај тоа што се вметнува како дел од задолжителната литература во многу светски средни училишта, сепак книгата е забранета во многу земји и е една од најзабранетите во Америка. Романот доживува особена контраверзност кај критичарите и светската јавност, меѓутоа тоа го прави уште попривлечен за многу режисери и филмски продуценти. Без разлика на огромната заинтересираност од филмската индустрија, Салингер забранува неговиот роман да се адаптира на филмското платно, со објаснување дека тоа само ја ограничува и сквернави идејата на авторот.
Самиот тој е многу против визуелната уметничка репрезентација т.е. театарот и филмот, а критики до Холивуд истакнува и во самата книга, а од истата причина забранува и да се става било каква илустрација на корицата од самата книга. До денес, “Игра во ’ржта“ останува најпродаваната и најкултната книга без филмска адаптација. Интересен е фактот што дозволил само една театарска адаптација под услов тој самиот да го глуми главниот лик, што било невозможно бидејќи тој тоа го дозволува на свој 40 години, а главниот лик е тинејџер.
Comments