• Марија Хана Трајкоска

FACT NO.9 - Привремена смрт


Во 2010та, Josh Homme, фронтменот на рок бендот Queens of the stone age бил привремено прогласен за мртов. По години поминати на тури и во конзумација на опоидни супстанции, неговиот имунитет бил значително намален и како резултат на тоа за време на операција се инфицирал со стрептокока отпорна на антибиотоци. Во обид да го подобрат неговиот имун систем, хирурзите употребиле цевка за дишење која се заглавила во неговото грло и довела до срцев удар. На крајот употребиле дефибрилатор за да го реанимираат. Ова искуство особено ја загрозила неговата физичка и психичка состојба и бил приморан да остане во болница 3 месеци без надворешен контакт. Поради сево ова се соочил со голема депресија и две години не можел да создаде нова музика дури размислувал и целосно да се откаже од музиката.


Меѓутоа подоцна целово доживување имало исклучително влијание врз шестиот студиски албум на Queens of the Stone Age "...Like Clockwork" објавен во 2013та. По објавувањето на албумот, пејачот одбил јавно да ја каже причината за операцијата, што резултирало со заблуди дека се работи за операција на коленото. На интервју во 2016та разјаснил дека тоа е приказна смислена од некој друг без да ја каже вистинската причина, меѓутоа се шпекулира дека сепак се работи за проблеми со наркотици.

35 views