top of page
Writer's pictureАндреј Медиќ Лазаревски

Петта воздишка: Поезија од Ѓоко Здравески, фотографии од Дејвид Величковски, музика од „Харакири“

Иии конечно, ги враќаме воздишките во состојба на воздивнување! Во овонеделните воздишки правиме избор од поезијата на Ѓоко Здравески од стихозбирката „Љубавина“ (2016, Антолог), фотографии на Дејвид Величковски и песната „Спротивниот крај“ на „Харакири“.


1 - „Љубавина“ на Ѓоко Здравески


Воздишките, како такви, се несомнен дел од љубовта и убавината т.е. дел од љубавината. Љубавината како неологизам многу потсетува на хеленскиот концепт „калокагатија“ присутен уште во Платоновиот дијалог „Федар“, а како спој од убавината и добрината, две вредности што несомнено се поврзани со љубовта. Тука можеби може да се бара изворот на љубавина како збор што е можеби втор волку звучен, суштински длабок и функционален и надвор од поезијата на Здравески после Шоповата небиднина.


Збор што сам по себе е воздишка!


бланко-љубовна


те љубам, ___________________________,

отаде часовниците. отаде шестарите и

аршините на шнајдерите. отаде распетието и расптието.

те љубам. отаде сите човечки сетила

те љубам. како далечно сеќавање што се јавува

само во соништата ми доаѓаш. кое дење се претвора во

шарена детска топка, во коцка што ја фрлаат

комарџиите пред чаршија и фантаџиите покрај

вардар. во тетрапак-пакување.


мигот е совршенство


совршено е утрото

во кое ја здогледувам птицата

на твоето лево рамо


сѐ друго е само постоење

помеѓу две будења


се одвоив од стварноста


сега сме четворица:

двајца од нас отелотворени

во стварност. другите двајца

во поезијава што ја пишувам.

само така можам да пишувам,

зашто инаку ништо не изгледува.



2 - Фотографии на Дејвид Величковски


Покрај љубавината, воздишката секогаш се поврзува со возвишеното, а возвишеното во многу голем дел низ уметноста се поврзува со природата, флората, планината, водата.


3 - Музика на „Харакири“


За крај, „Спротивниот крај“, бидејќи изгледа воздишката доаѓа на крај.






Comments


bottom of page