top of page
Writer's pictureКултура β

Петте кладенци – Андреј Анѓеловиќ

Петте кладенци

(црпам вода, а ти невесто прозбори ми)


Низ кривулести преоди,

враџбини трнинки.

Грстови создале

снопје игли, снопје лисје.

Одекнува нешто и невидливо шумоли.


Низ ридини, пустелии,

низ ремници гној и камења.

Непреодни набори,

никој не може да ги прерипне.


Зад снопје листови,

снопје гранки,

зад модрило, враџбини трнинки.

Ладна, ладовина насобрала

камења и стравови…

Та вдлабила длабоко

светогорини светозрачја.


Огреала Месечина,

ја опашала својата светлост,

ги утаила гнасите на темнилото,

та открила нивна голотија.


На сред корија една

на ќошиња чиниш пет,

соголени на кобен час

девствени огледала, пет?


Заиграле оро на сред полето.

Сред срп Месечев.

Заборавиле на ајтите

посегнале по восклик светол,

невести точно пет.


Низ ридини, пустелии,

низ рамнини гној и камења

посегнале по Месечеината,

од нив ѕвезди сестринства да направи.



Се вгневила таа,

та се срушило врз нив сводјето клето.

Надвиснал над нив и божилакот свет.

Камен потрупан, камен соѕидан,

прекршил корави трупла,

срушил длабини пет


Низ кривулести преоди,

враџбини трнинки.

Грстови создале,

снопје игли, снопје лисје.

Одекнува нешто и невидливо шумоли.


На сред ридје

на сред корија темна, невидлива,

од камен воденички

на лад, ладина,

на сред ридина

и сред темнина -

заиграле оро вилинско

невести точно пет.


Commentaires


bottom of page