top of page
Writer's pictureКултура β

Воздишки: Фотографии на Валентина Миладинова

Оваа недела во „Воздишки“ се запознаваме со Валентина Миладинова, млада фотографка која е студентка по архитектура. Таа за себе и фотографирањето вели: „При размислувањето за фотографијата, мојата концепција обично не се планира претходно. Само се вклучувам во актот на фотографирање и потсвесно ги одбирам кадрите и ситуациите кои ме привлекуваат.

Во моето фотографирање, често ги забележувам деталите каде што се открива човечката присутност. Малата саксија на тераса, спружени алишта на прозор, заборавено светло и слични моменти на интимност ме привлекуваат. Освен тоа, имам и страст кон создавање на портрети. Кога фотографирам лица, се обидувам да ги изразам очите, бидејќи верувам дека овие изрази се јазикот на душата и додаваат емоционална длабочина на фотографијата. Така, фотографијата за мене станува начин на изразување и комуникација кој ги заслужува моментите и деталите на човечката природа.“


Во продолжение погледнете дел од нејзините фотографии!



댓글


bottom of page