ЗА КУЛТУРА БЕТА

Здраво дечки, ние сме младинско здружение за креативно и културно изразување, неформална организација за сите млади кои имаат идеи за развој на културата надвор од културните институции. Воочувајќи ја малата развиеност на младинската слободна и неформална култура, ние - неколкумина млади одлучивме да се организираме во едно отворено друштво чија цел е остварување на најразлични културни случувања меѓу нас младите. 

Сакаме да запознаеме млади креативци кои честопати преку β-муабет ќе ни раскажуваат за патот на своето креативно самоизразување и уметничко остварување. Преку нашата β-инста-стихозбирка, која ја префрламе и на нашиот сајт, сакаме да го запознаеме и претставиме поетското творештво на сите млади и стари, познати и не толку познати поетеси и поети и наши инспирации на денот. Со  β-кратките раскази ги запознаваме и сите автор(к)и на кратка проза, а преку нашата рубрика β-уметник на неделата се запознаваме и со многуте млади фотографи, сликари и сите вљубеници во уметноста од секој нејзин аспект. Kaко рубрики ги воведуваме и β-колумните преку кои им даваме можност на младите да ги искажуваат своите ставови, како и рубриките β-предлог филм и β-предлог книга преку кои ги шириме квалитетните и актуелните книжевни и кинематографски остварувања. Како нешто што ги надополнува нашите активност е и β-фактопедија преку која споделуваме познати и непознати факти поврзани со уметноста. 

Отворени сме за соработка, совет, критика и, пред сè, ширење љубов и сплотеност преку уметност! 

лого бета1.jpg