top of page

ИМПРЕСУМ

Андреј Медиќ Лазаревски

Андреј Медиќ Лазаревски (2001, Скопје) е поет, уредник и организатор на културни настани и фестивали. Тој е дипломиран професор по филозофија на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет и студира на Катедрата по општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје. Автор е на стихозбирките „Беседење со неа“ (2021, Дата песнопој), „Молитвени дискурси“ (2022, 2023 – 2. изменето и дополнето издание, ПНВ Публикации) и „Багет полн печени полжави полиени со уље истечено од Вардаровите галии“ (2025, Култура Бета), како и на еден е-буклет „Црно под ноктите“ (2024, Култура Бета) што произлезе како резултат на неговата прва изложба „Црно под ноктите“.

Тој е основач на Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“, организатор е на книжевните настани „Поетска епизода“ и „Клинци“, главен фестивалски координатор е на „Филозофскиот филмски фестивал“, член е на извршниот одбор на Филозофското друштво на Македонија, член е на Управниот одбор на Скопскиот поетски фестивал и е дел од тимот на кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје. Тој е главен и одговорен уредник на списанието за општа култура „Тригер“ и на списанието на студентите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, „Ин медиас рес“. Бил дел од тимовите на „Кликер маркетинг“ и „Скала магазин“. Учествувал на повеќе поетски читања и фестивали (Стих у регији, Струшки вечери на поезијата, Поетска ноќ во Велестово, Скопски поетски фестивал, АртАреа…). Негови песни се застапени во домашната периодика и преведени се на српски јазик за книжевните списанија „Блудни стих“ и „Рукописи“ (46 и 48), на хрватски за списанието „Поезија“ на Хрватското друштво на писатели и на англиски јазик за “Selection from A new birth of the word (an Anthology of Macedonian Young Poetry)“, издание на Струшките вечери на поезијата. Негови песни се застапени во антологиите „Македонска љубовна лирика“ (прир. Весна Мојсова-Чешишевска и Иван Антоновски, Матица македонска, 2024), „Ново раѓање на зборот: антологија на млада македонска поезија“ (прир. Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски, ПНВ Публикации, 2023) и „Музика, сега и уште“ (прир. Владимир Мартиновски, Струшки вечери на поезијата, 2022). За песната „Твоја ли е градината, Алиса?“ ја добива наградата „Енхалон“ од Струшките вечери на поезијата (2024). Член е на европската поетска мрежа „Версополис“.

  

Марија Хана Трајкоска

Марија Хана Трајкоска е ко-основачка на Култура β и е една од уредниците на рубриката „Хана и Борис во дијалог за албум“. Студентка е на смерот за психологија на факултетот за политички науки на универзитетот American College Skopje. Целиот живот аматерски се занимава со театар, а веќе неколку години и со музика. Позади себе има голем број аматерски претстави и свирки. Таа во слободно време се занимава со поезија. Животната цел ја насочува кон тоа да го направи светот барем малку подобро место преку својата уметност, а токму затоа е и една од основачите на Култура β.

   

 

!andrej.jpg

instagram: @andrejmedikj

email: kulturabeta@yahoo.com

web: medikj.com

122713400_707362810131280_72797234877802

instagram: @h_trajkoska

email: kulturabeta@yahoo.com

Леонид Георгиевски

Леонид Георгиевски е ко-основач и технички уредник на веб-сајтот на Култура β. Тој е студент на Економскиот факултет при УКИМ. Учесник е во актерскиот состав на неколку младински аматерски претстави, а се појавува и како дел од неколку бенда со кои настапува. Твори музика, пишува текстови за истата, а во последно време најмногу се ангажира со пост-продукција на проекти на Култура β и на проекти вон неа. Со голема заинтересираност учествува во секој аспект на уметноста па поради тоа застанува како ко-основач на Култура β.

 

 

 

Калина Качоровска

Калина Качоровска е редовна β-колумнистка и  авторка на рубриката β-предлог филм на неделата. Таа е студентка по меѓународни односи на Факултетот за политички науки и меѓународни односи при Варшавскиот Универзитет во Варшава, Полска. Себеси се опишува како љубопитна и ентузијастична и според нејзе, бидувањето позитивен и оптимистичен, пречекувањето на денот со насмевка и енергија, славењето на најобичните, секојдневни активности се нешта кои се клучни за успех, но и за убав живот.

Една од нејзините најголеми пасии е филмот. Како перформативно и живо дете, уште од најмала возраст измислува приказни кои потоа самата ги изведува. Во последните неколку години, љубовта кон седмата уметност ја оживува преку филмски фестивали. Веќе четири години е учесник на младинскиот филмски фестивал „Џифони Македонија“ како жири, а од 2020 година, таа е и дел од тимот и модераторка на дел од дискусиите. Токму преку нив е испратена како македонска претставничка на италијанската верзија од фестивалот - Giffoni Experience, како и Salam International Youth Film Festival во Баку, Азербејџан. Во 2018 и 2019 таа е дел од младинското жири на фестивалот на европски филм, „Синедејс“.

Калина не може да седи мирна кога станува збор за неправда, па затоа дел од нејзиното живеење го посветува на активизам, особено во полето на класната и родова еднаквост.

Нејзините интереси се движат од левичарски идеали, па сѐ до анализирање на социолошките и антрополошките аспекти на локалната, но и светската уметност. Дете за сѐ, освен за одбојка и марки на автомобили.

received_255870709495393.webp

instagram: @leyoneed

email: kulturabeta@yahoo.com

255773246_241942674665441_5044196111210622286_n_edited.jpg

instagram: @kalinakaczorowska

email: kulturabeta@yahoo.com

Дамјан  Златановски

Дамјан Златановски е редовен колумнист на Култура β, студент на Факултетот за електротехника и информациски технологии при УКИМ, сликар и основач на онлајн уметничка галерија @zlatanovski.gallery , Млад европски амбасадор (YEA), Генерален директорат за соседство и проширување на Европската комисија (DG NEAR), во Западен Балкан, поборник за подигање на младинското учество во процесот на донесување и креирање на политики и активист за животната средина. Родум од Куманово, тој е член на Друштвото на писатели од Куманово и иако не стои како автор на самостојно дело, неговата поезија, кратките раскази и есеи може да се сретнат во повеќе антологии. Страствен љубител е на кафето и филмската уметност и смета дека „[пишувањето] не служи да ти ги плати сметките, туку да те раздолжи самиот со себе“.

 

 

 

1657465934145-02_edited.jpg

instagram: @damjanzlatanovski

email: kulturabeta@yahoo.com

Марија Велинова

Марија Велинова (2003, Штип) е поетеса, уредничка и студентка на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ.  Авторка е на стихозбирките „Разговорите што не можевме да ги имаме“ (2021, Дата Песнопој) и „Омарнина што омалаксува“ (2023, ПНВ Публикации).
Членка е на Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“, на Управниот одбор на Скопскиот поетски фестивал, организаторка на настанот „Поетска епизода“, проектна асистентка на Филозофскиот филмски фестивал, уредничка на студентското списание „In medias res“ и списанието за општа култура „Тригер“, како и дел од тимот на издавачката куќа „Илика“. Учествувала на повеќе поетски читања и фестивали (Струшки вечери на поезијата, Поетска ноќ во Велестово, Скопски поетски фестивал, Македонска книжевна визита). Нејзини песни се застапени во домашната периодика и преведени се на српски јазик за книжевните списанија „Блудни стих“ и на англиски јазик за “Selection from A New Birth of the Word (an Anthology of Macedonian Young Poetry)“, издание на Струшките вечери на поезијата. Нејзини песни се застапени во антологиите „Македонска љубовна лирика“ (прир. Весна Мојсова-Чешишевска и Иван Антоновски, Матица македонска, 2024), „Ново раѓање на зборот: антологија на млада македонска поезија“ (прир. Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски, ПНВ Публикации, 2023) и „Самодиви: панорама на македонска поезија пишувана од жени, од преродбата до денес“ (прир. Славе Ѓорѓо Димоски и Јулијана Величковска, Поетска ноќ во Велестово, 2023).

 

 

 

марија фото.jpg

instagram: @mar.v9

email: kulturabeta@yahoo.com

Стефан Спасовски

Стефан Спасовски е роден во Скопје, 2003 година. Средното образование го завршил во скопската гимназија ,,Орце Николов". Со студирање продолжува на Катедрата за македонски јазик при Филолошкиот факултет ,,Блаже Конески" - Скопје. Во „Култура бета“ работи во делот на јазично уредување и редакција на текстовите. Покрај тоа, пишува поезија. Дел од тимот на кафе-книжарницата „Илика“. Добитник е наградата „Антев часовник“ што ја доделува „Антево перо“ за стихозбирката „Ќумур смоквин млеч“ (2025, Илика). Дел е од тимот на кафе-книжарницата „Илика“. 

 

 

 

IMG_20231105_103603_631.jpg

instagram: @s.spasovskii

email: kulturabeta@yahoo.com

Наде Циева

Наде Циева е студентка на Институтот за историја на уметноста при Филозофскиот факултет при УКИМ во Скопје. На „Култура Бета“ ја води рубриката „β-музеј“ посветена на ликовната уметност, пишува ликовна критика и рецензии, како и осврти на настани поврзани со ликовната уметност. Иако првичен интерес ѝ е ликовната уметност, се занимава и со истражувања и во другите уметности (книжевност, фотографија и филм), а поради природата на нејзините студии се занимава и со истражувања во полето на археологијата, антропологијата и етнологијата.

 

 

 

IMG_4858.jpeg

instagram: @nadecieva

email: kulturabeta@yahoo.com

Амелиа Георгиевска

Амелиа Георгиевска е студентка по филмска критика и современи медиуми при Јагелонскиот Универзитет во Краков, Полска. На „Култура Бета“ работи во рубриката посветена на филм, „β-предлог филм“, како и во рубриката за осврти, критики и рецензии „Огледи и разгледи“. Покрај интересот за филм и филмска критика, таа е активна и во полето на фотографијата, книжевноста и драматургијата.

 

 

 

Култура Бета фотка.JPG

instagram: @ameliageorgievska_

email: kulturabeta@yahoo.com

АНГЕЛА БОШКОска

Ангела Бошкоска е студентка на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Авторка е на романот „Вистинска илузија во лажен свет“ (Ѓурѓа, 2021). Во октомври 2021 година се вработува како надворешен соработник во новинската агенција „Мета“ каде покрива теми за млади, родова еднаквост, образование и култура. Има работено како дописник во локалните медиуми Тетово Инфо и Глас.мк. Од 2022 до крајот на 2024 година е новинарка во младинскиот медиум Радио МОФ каде пишува и снима прилози во областа на образованието, културата, младински активизам и родови прашања. Има пишувано за уличното списание „Лице в Лице“ и на феминистичките платформи „Медуза“ и „Global Feminist Pitch“. Нејзините текстови од областа на книжевната критика се објавени на платформите на „Култура Бета“. Дел е од уредничкиот одбор на списанието на студентите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, „In Medias Res“. Досега има учествувано на неколку поетски читања меѓу кои и „Отскочна даска“ – читање за млади поети во рамки на Скопскиот поетски фестивал, „Клинци“ и „Тоа сме ние“ во организација на младинското здружение „Култура Бета“. Пишува поезија, фотографира, се занимава со креирање и монтажа на видеа, интервуја и кратки документарни филмови. 

 

 

ангела фото.jpg

instagram: @__ladameblanche

email: kulturabeta@yahoo.com

ЈАНА СЕКУЛОска

Јана Секулоска (2002, Охрид) е млада преведувачка и студентка на Катедрата за превод и толкување на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирили Методиј“ во Скопје. Досега има преведено дузина песни, куси прозни текстови и есеи во домашната периодика, како и во списанието за студентите на Филолошкиот факултет „In medias res“ каде што работи и како уредник во рубриките за превод и текстови на англиски јазик. Во 2025 година ја добива наградата „Вавилон“ за најдобар превод што ја доделува Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Делегацијата на Европската унија во Скопје преку Europe House Skopje. Дел е од тимот на кафе-книжарницата „Буква“, а се занимава и со сликарство.

 

јана фото.jpg

instagram: @janasekuloska

email: kulturabeta@yahoo.com

ТЕОДОР ТАСЕВСКИ

Теодор Тасевски (2002, Охрид) е студент по преведување и толкување на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје. Се занимава со книжевност и книжевен превод, а во 2025 учествуваше на резиденцијата и конкурс „Вавилон - нова генерација” за најдобар студентски превод, каде што освои второ почесно место. Активен е на полето на поезијата, има учествувано на поетските читања „Клинци” организирано од „Култура Бета” во соработка со „Europe House Skopje" и „Отскочна даска” во рамките на „Скопски поетски фестивал”, а негови песни се објавени во факултетското списание „In medias res”. Се занимава и со фотографија и често фотографира на културни настани.

тео фото.jpg

instagram: @te_odore

email: kulturabeta@yahoo.com

Поранешни членови:

Надворешни соработници:

Ирина Илиева, философска беседа/философски муабет

Никола Ристевски Шиндре, философска беседа

Борис Дебси, „Хана и Борис во дијалог за албум“

Ивана Јовановска, уметничка рецензија

Ана Илиева, бета-колумна/Културоглед

Георгина Петреска, бета-колумна

Ева Стојчевска, еко-колумна

Софија Тодороска, Книга на неделата/Бисери

Андреј Сивески, музичка рецензија

Леонид Велковски, предлог-филм

Васил Ханнџиски, еко-факопедија

Иван Николов, бета-колумна

bottom of page