top of page

Политика на работа

beta logo.png

1. Сите објавени дела, како и личните фотографии од самите уметници и информациите за нив, се објавени по пат на отворен конкурс објавен на нашиот сајт и социјални мрежи и истите ги испраќаат самите автори. Со самото испраќање на делата, сите автори и уметници се согласуваат и дозволуваат нивните дела, лични фотографии и информациите за нив да бидат објавени на нашите социјални мрежи.

2. Секое реобјавување на наш текст, фотографија или било која друга објава од нашите социјални мрежи треба да биде во договор со некој од уредниците (контакт: kulturabeta@yahoo.com)

3. При секое реобјавување задолжително треба да се назначи авторот на објавата која се реобјавува и да се постави соодветен линк.

4. Сите автори стојат во целост зад кажаното во своите колумни, дела, песни, кратки раскази и друг вид на текстови кои ги објавуваме. Култура β не мора секогаш да се согласува со ставовите на авторите, а искажаните ставови не секогаш ја рефлектираат уредувачката политика на Култура β. 

5. Објавувањето на дела од уметници кои ги испраќаат своите дела за да се споделат на нашите социјални мрежи, како и авторските текстови на нашите редовни колумнисти и уредници на рубрики се одвива  по утврдена програма за објавување, хронолошки, по редослед на пристигнување.

               *уредништво го задржува правото на промена на програмата на објавување во случај тоа да е потребно!

6. Култура β е отворено младинско здружение во кое учество може да земат сите заинтересирани кои имаат желба да ја споделуваат својата уметност, творештво, кои сакаат да ги искажат јавно своите ставови или може да учествуваат во предложување на нови рубрики и во остварување на истите.

7. За секакви информации на располагање стојат нашиот e-mail: kulturabeta@yahoo.com, како и нашиот фејсбук и инстаграм профил @kultura_beta.

bottom of page