Оваа недела (23-29.11.2020) епитетот ẞ-уметник го препишуваме на Глориа Малинова. За неа уметноста е главниот носител и инспирација на тоа што ја тера да твори. Фотографијата е нејзино поле на емоционална експресија. Таа фотографира со нејзиниот телефон и се труди со добар едит да ги прикаже најдобрите верзии на своите слики. ,,Гледајќи ја околината од моето секојдневие, сфатив дека најубавите моменти кои ги имам испуштено да ги фотографирам, се моментите кои ја хранат мојата визуализација за да направам добра фотографија" - ни кажува Глорија. - ,,Визуелно хранејќи се од уметноста, моето око е основна камера". Уживајте во емоционалните експресии на Глорија и не ги испуштајте моментите кои визуелно ве хранат!
top of page
bottom of page
Comentarios