За философијата - Цветанка Стефанова
- Култура β
- Jul 8, 2021
- 1 min read
Чинам водилка си ми,
по патот кон сознајните нешта,
и светлина која вдахнува идеи.
Поткрепа која им дава облик
на моите бележливи ставови.
Чинам секој те знае,
а ретко кој те познава
секој те практикува,
а ретко кој осознава
Чинам Философијо,
си мајка на потеклата.
Чинам Философијо,
и водилка на човештвото.
Цветанка Стефанова е студент на Институтот за философија при Философскиот факултет при УКИМ во Скопје. Таа има 20 години и доаѓа од Неготино, а за себе вели дека е љубител на естетиката, литературата и философијата и секаков вид на уметност.
Comments