top of page
Writer's pictureКултура β

Разговор со месечината - Ања Кутлешовска

Тивка е ноќта,

а емоциите во мене врескаат на сиот глас,

се чинат како невреме од измешани чувства,

беспомошно се погледнувам кон небото,

барајќи во месечината спас.


А најболно е што ни сама не знам што чувствувам,

не знам што би и‘ кажала,

дали би поверуварала кога би и' рекла дека

истовремено и огромна тежина и празнина во мене имам,

или ќе мисли дека сум ја излажала?


Само знам дека и солзиве веќе пресушија,

а не сфаќам зошто воопшто и сум плачела,

дали со секоја капка солзиве до ова бунило ме довеле

или пак секоја солза соодветна емоција си значела?


Новото утро,

подобар ден ќе донесе, се тешам,

месечината заблескува

и во тој миг сфаќам дека јас всушност грешам.

Не е ниту до месечината, ниту па до утрото,

туку само до мене, јас треба за промена да се решам!


Тапкајќи во место,

ни празнината, ни тагата нема да се смени,

не, така ништо не се постигнува,

туку чекор по чекор,

храбро чекорејќи напред,

спокој и промена се достигнува!


 

Новата поетеса која зема учество во нашата ẞ-инста-стихозбирка е Ања Кутлешовска. Таа има 21 година и доаѓа од Битола. За себе накратко вели: „Уште од основно училиште пишувам поезија. Најлесниот начин да се соочам со моите чувства секогаш бил да ги запишам истите на лист хартија во вид на поезија или проза. Секогаш сум пишувала лично само за мене, а ова е прв пат да се осмелам да објавам нешто од моите многубројни записи и јавно.“

Comments


bottom of page