top of page
  • Writer's pictureКултура β

Смртта на Гласникот - Марија Велинова

Тоа утро, коњски галоп ме разбуди,

под мојата скромна, селска куќа запре,

а на коњот, строен гласник се издигаше.

Не го сакам овој гласник,

две илјади и дваесетти по ред.

севезден со клети вести дарен,

само бол низ светот шири.

Што ли овојпат ќе беше?

Дали пламен јазик или црна чума?

Кога ќе здивнат душите наши,

од овој гласник проклет?

Но, само тивко се предадов,

на ударот кој ме очекуваше.

Едно по едно,

лицата кои го слушаа,

ко сонца огреаа.

И како што го отворив прозорот,

убава мелодија ме погали,

„Си заминувам“ – чув,

„Никогаш повеќе не се враќам“ – потоа дочув.

И не знам дал ова фантазмагорија беше

ил судниот ден дојде,

Но знам дека од кревет нема да станам,

за ако сон беше,

од него не се разбудам.

Нема да станам,

додека коњ со галоп

две илјади дваесет и први гласник не донесе.

А тој,

низ пукнатините на прозорот,

нежен здив не ми прати,

кој клепките ќе ми ги раздвои

и светол ден јас ќе видам.

93 views
bottom of page