top of page
Writer's pictureКултура β

Туѓинец во бетон зграда - Бисера Стефановска

Туѓинец во бетон зграда

 

Додека силно лее

пиштол љубен

и немир снага

в буден,

пуст град

гони се в пустелија!

Те поти сиот мрак

и те белее тежок млаз

на тивкото,

сегашното,

прокованото

мизерство.

Секој човек е снемоштен

од твојата снага.

Губи се,

твојата корист.

Диши тага

и неверство

како нервен овен.

Патиштата се сини,

кој ги водам вечери

в дини.

А јас?

Би била

милослива,

сочувствителна,

кротка душа,

љубов што дава

и дава,

но в место ќе тапка

и капка по капка

губам ли траг?

Од она што некогаш бев

и поседував

исчезнува приказ

моето лице свика:

Ти ли си туѓинство?

Венец трнен,

ти ли си самоубиство?

Небесен врбец

што блика горе-долу,

низ шуми прокопсани,

низ дни неминати,

низ сонца неизраснати.

Врне снег в гради

и конечно кога ќе се всади

задоволството од тоа

што некогаш го имам?

Comments


bottom of page