top of page
  • Writer's pictureКултура β

β-Уметник на неделата: Леон Rouz

Нашиот нов уметник на неделата (20-26.4.2020) е Леон попознат како Rouz, млад и сестран уметник кој ја вклучува својага уметност во сѐ. За подобро да го запознаете ви го пременесуваме неговото уникатно претставување во целост:

Здраво,

Јас сум Леон, млад визуелен уметник, графички дизајнер, филммејкер, фотограф и се што го состои моментот на креативност во него.

Како прво, зошто се пријавив?

Се пријавив затоа што се осеќам како "уметник" во потполна смисла на зборот, работам секојдневно (освен деновите кога креативноста ми е исцедена од проклетите тестови математика) и сум тотално да кажам "внесен" во уметноста. Но најбитно, кој сум јас?

Ако веќе не направивте сопствена слика за мојот начин на живот, сега јас ќе ви се објаснам себеси. Човек кој размислува надвор од кутијата, обожава да зборува со СЕКОГО, некогаш може да ме видите со апарат, некогаш со преполн ранец, но најдобро ме опишува мојата пасија за готвење и музика. Собирам плочи неколку години и не постои нешто што повеќе ме мотивира од музика и храна. Ништо боље од Pink Floyd, кафе и скечпед!!!

Ако не ве измалтретирав сѐ уште, последно прашање за да се објаснам себеси најдобро што можам, зошто баш уметност?

Уметност зошто спојува, уметност зошто смирува, уметност зошто објаснува, уметност зошто руши барикади, уметност зошто сите ние сме уметнички дела, сите ние сме драгоцени, различни а сепак сите сме луѓе.

И моето мото на животот:

САБАЈЛЕ НЕ ТЕ БУДАТ СИНУС И КОСИНУС, ТЕ БУДИ МУЗИКА.



10 views
bottom of page