top of page
Writer's pictureКултура β

Автопат - Анастасија Златковска

Млада изгубена душа која во 5 часот наутро се бори со сопствени мисли кои го бркаат сонот од неа, не и дозволуваат да ги затвори очите, а кога ќе проба стануваат уште погласни. Непријатно е чувството кога те прашуваат “Што ти е?”, а одговорот на тоа прашање е “Јас сама на себе”, бидејќи нели мислите се мои и јас би требало да сум своја, но како кога ти припаѓам тебе, а ти си целосно предаден на неа? Тешко е да се справиш сам со себе кога мислите ти произлегуваат од некоја емоција, тешко е кога умот и срцето ќе се спојат против тебе. Твои се, но сепак не можеш да ги спречиш овие две обратнопропорционални нешта да работат заедно... токму поради ова понекогаш се губам, излегувам од колосек, се станува уште полошо кога реалноста ќе ми удри шлаканица, кога се вртам и погледнувам на другата страна од креветот, а тебе те нема. После твоето поглавје во мојот живот, можеби засекогаш ќе останам залутана душа со темни полукругови под очите и лажна насмевка на лицето. Душа која после полноќ зборува со тишината и се дружи со солзите на сопственте образи. Никогаш нема да се помирам со овој пат без знаци и иако таа е до тебе јас секогаш ќе имам потреба да ти кажам: “Внимавај љубов, немој да се изгубиш”. Немој да се изгубиш, бидејќи вистинскиот правец на автопатот “Живот ” не се наоѓа така лесно.

 

Новиот краток расказ кој го објавуваме е од авторката Анастасија Златковска. Таа за себе вели дека е уметничка душа и дека инспирација добива од најмалите работи. Покрај пишувањето се занимава и со глума.

Recent Posts

See All

Загуба - Ева Василева

Таа имаше љубов подлабока од морето, и душа поголема од универзумот. Ќе дадеше сè од себе за тие околу неа да се среќни, не обрнуваше...

Comments


bottom of page