top of page
  • Writer's pictureГеоргина Петреска

За Петре...

Понекогаш тивко го очекувам својот крај, своето конечно кршење, тупотот чекори на човекот кој се приближува да ме удри од ѕидот. Тажно, па дури и патетично е како времето поминува чекајќи, илузијата ги натнува врз себе безбројте очекувања. И сето тоа е само во овој миг – сега. И сето веќе веднаш се препишува на онаа категорија тоа-тогаш, како што би рекол мојот пријател Петре М. Андреевски, со кого понекогаш зборуваме за нашите средби низ водата. За нашите нурнати глави, за вратот обраснат шкрги, за солта во белите дробови, крвавите очи и секоја капка која го носеше вечниот спомен на копното. Нашите души тлеат заробени во балончињта воздух, а секое од нив носи по еден глас од нашите пеења. И двајцата немаше каде да се родиме, ниту каде да се упокоиме, да не беше водата.

29 views

Recent Posts

See All

Таа имаше љубов подлабока од морето, и душа поголема од универзумот. Ќе дадеше сè од себе за тие околу неа да се среќни, не обрнуваше многу внимание за себе. Сè додека не ја запозна својата прва љубов

bottom of page