27. март е денот на театарот, своевиден празник на театaрските уметници и на целата публика која го сака театарот. Оттаму идејата во овој месец, како лик на месец март, да ни гостува режисерот Милош Б. Андоновски.
Милош Андоновски е роден 1989 година во Куманово каде завршува основно и средно гимназиско образование. Во 2015 година дипломирал театарска режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје, во класата на проф. Слободан Унковски и проф. Златко Славенски. Магистрирал театарска уметност (2021) на Универзитетот во Кент, Англија како Чивнинг стипендист на Обединетото Кралство.
Дипломирал и на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје на катедрата за општа и компаративна книжевност (2012), а магистрирал културолошки студии на Институтот за македонска литература (2015) со истражување во кое учествуваат 31 актер од Македонија, насловено како Влијанието на културните и психолошките процеси врз актерската креација на ликот.
Режисер е на девет претстави, а бил асистент на режија на уште три.
Во 2017 година се стекнува со педагошки доквалификации на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, а исто така е и сертифициран обучувач/предавач за возрасни од 2016. година.
Во 2019 година се јавува како основач на Здружението за афирмација на театарската уметност „Пресврт“. Во 2020.година станува основач и претседател на Здружението за театарска едукација и продукција ТЕАТАР ЗА СИТЕ Скопје, кое постои од 2016.година како неформална група.
Од 2014 до 2017 година работел како професор по предметите Театарска уметност и Филмска уметност во Меѓународното училиште НОВА во Скопје.
Во јули 2016 и јули 2017 година предава Драма на Летниот образовен камп при Американскиот универзитет во Бугарија, Благоевград.
Во 2022.година го пишува и објавува Прирачникот по драмска уметност за наставници, прв ваков тип на литература во РСМ, достапна на македонски и на албански јазик.
Моментално работи како наставник по македонски јазик и литература во Американска Гимназија – Скопје. Ја води и едукативната програма на Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп и е дел од организацискиот тим на фестивалот.
Следете нѐ, нѐ очекува убав месец!
Во меѓувреме потсете се на:
コメント