top of page
Writer's pictureЛеонид Велковски

Предлог филм: Hiroshima mon amour

Режија: Alain Resnais

Сценарио: Marguerite Duras

Улоги: Emmanuelle Riva, Eiji Okada

Времетраење: 90’

Година: 1959

Земја на потекло: Франција, Јапонија

Жанр: Драма


,,Хирошима, љубов моја’’ е првиот долгометражен филм на Алан Рене, филм кој се смета за еден од претставниците на францускиот нов бран, односно на ,,левиот брег’’. Рене сепак не се сметал за дел од новиот бран. Филмот е значаен поради користењето на ретроспективи кои ја создаваат нелинеарната наративна структура на филмот.


Филмот се состои од повеќе долги разговори помеѓу една француска актерка и еден јапонски архитект. Актерката снима филм на тема мир во Хирошима и треба набргу да замине за Париз. Всушност таа постојано се среќава со јапонскиот архитект, така што водат љубов во нејзината хотелска соба и водат долги разговори за нивните животи. Актерката раскажува за нејзиниот живот во Невер за време на Втората светска војна и што се случило со нејзината прва љубов, германскиот војник. При раскажувањето, актерката постојано се навраќа на тоа што го поминала во нејзиниот роден град, за на крај да замине за Париз и да стане актерка. Актерката смета дека ја изневерува својата прва љубов, наместо нејзиниот сопруг.


На почетокот на филмот се покажуваат исечоци од документарни филмови, но и од наменски снимени филмови за катастрофата од падот на атомската бомба во Хирошима. Додека се менуваат кадри од разрушени објекти и ранети луѓе на улиците во Хирошима, но и кадри од модерна Хирошима, актерката му кажува на архитектот што знае за Хирошима, додека пак архитектот повратно ѝ одговара што не знае за градот и за последиците од падот на атомската бомба.


На Канскиот филмски фестивал во 1959 година, филмот ќе биде повлечен од официјалната селекција поради сензитивноста на темата за атомските бомби и за да не ја вознемири владата на САД.



Bình luận


bottom of page