Режија и сценарио: Peter Greenaway
Наратор: Peter Greenaway
Времетраење: 4’
Земја на потекло: Велика Британија
Година: 1975
Жанр: Документарен, краток филм
,,Прозорци’’ е еден од првите кратки филмови на британскиот режисер Питер Гринавеј. Гринавеј е режисер кој се инспирира од барокот и ренесансата во своите долгометражни играни филмови, но во своите почетоци, во своите кратки филмови, тој експериментира со наративот. Во ,,Прозорци’’, документаристички и преку нарација ја изнесува ,,скриената ’’ порака.
Во филмот Гринавеј се јавува како наратор кој статистички раскажува за жртви кои умреле паѓајќи од прозорец поради разни причини.
,,Во 1973 година во парохијата W, 37 луѓе починачле како резултат на паѓање од прозорци. Од 37-те лица кои паднале, 7 биле деца под 11 години, 11 биле адолесценти под 18 години, а останатите возрасни биле сите под 71 година, освен маж за кој некои веруваат дека има 103 години.’’
,,Од 11-те адолесценти, тројца се самоубиле поради здравствени проблеми со срцето, двајца паднале поради несреќа, двајца биле пијани, еден бил турнат, еден бил прогласен за луд, еден скокнал за облог и еден експериментирал со падобран.’’
Додека течат кадрите од прозорците во куќа од 19 – от век, која се наоѓа во англиското село Вардур во Вилтшир, така што се прикажува руралниот пејсаж, Гринавеј со мирен глас ги ,,соопштува’’ статистичките податоци за 37 – те починати.
Филмот е апсурден и со црн хумор, малку и со политичка критика. Инспириран е од мистериозните смрттни случаеви на затвореници од Јужна Африка во шеесетите години на минатиот век.
Comments